ОБЈАВЕНО ВИДЕО И ДЕЛ ОД РАЗГОВОРОТ КАКО БОКИ 13 ГИ ЗЕМА ПАРИТЕ ОД КАМЧЕВ

    ОБЈАВЕНО ВИДЕО И ДЕЛ ОД РАЗГОВОРОТ КАКО БОКИ 13 ГИ ЗЕМА ПАРИТЕ ОД КАМЧЕВСпоред датумот на снимката, видеото е снимено на 20 февруари годинава, а Камчев со одлука на Врховниот суд беше ослободен од куќен притвор на 4 март. (Фото: принтскрин/Јутјуб)

    Италијанскиот весник „Ла Верита“ објави видео и дел од разговорот како Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев, што е предмет на истрагата „Рекет“ на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

    Во видето, првин се гледа како се бројат пари, а потоа како Камчев ги испраќа Боки 13 и Зоки Кичеец со торба. На крајот има и аудиоснимка, на која Боки 13 му најавува на Камчев дека ќе биде ослободен во понеделник, најдоцна вторник, а Катица Јанева нема да употребува вонредни правни лекови да одолговлекува.

    Според датумот на снимката, видеото е снимено на 20 февруари годинава, а Камчев со одлука на Врховниот суд беше ослободен од куќен притвор на 4 март.

    Транкрипт од аудиоснимката на крајот од видеото:

    Боки 13: Во понеделник ќе ве ослободат.

    Камчев: Добро.

    Боки 13: Вторник најкасно веројатно. Врховен ќе ве ослободи.

    Камчев: Врховен, не може да дојде до врховен до понеделник.

    Боки 13: Да, тогаш ќе дојде. Нема да употреби СЈО вонредни правни лекови, нема ништо да употреби.

    Камчев: А Апелација?

    Боки 13: Па Апелација ќе ве одбие. Вие се жалите во Апелација, да бидете спремни. Врховен се жалите, како втор спремен. Начелното правно лице и советот се повикува автоматски. Нема да употреби Катица никакви вонредни правни лекови да го продолжува, да го одолговлекува, понеделник вторник, вие сте на слобода.

    Боки 13 и Зоки Кичеец беа уапсени на 15 јули и оттогаш се во притвор. Осомничени се дека зеле 1,5 милиони евра за преку јавен обвинител врз кој имале влијание да ја олеснат положбата на лице кое е под истрага. Двајцата се осомничени за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание, а Боки 13 е осомничен и за кривичното дело Перење пари. На специјалната обвинителка Катица Јанева ѝ беа одземени двата телефони за да се утврди каква комуникација имала со осомничените.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира