ОБВИНИТЕЛСТВОТО ИСТРАЖУВА ЗЛОУПОТРЕБИ, НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ И ПОПРЕЧУВАЊЕ НА ПРАВДАТА ОД ЈОВО ВАНГЕЛОВСКИ, ОТКАКО ВО НЕГОВИОТ КАБИНЕТ СЕ НАЈДЕНИ 50-ТИНА ПРЕДМЕТИ ВО ФИОКА

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ИСТРАЖУВА ЗЛОУПОТРЕБИ, НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ И ПОПРЕЧУВАЊЕ НА ПРАВДАТА ОД ЈОВО ВАНГЕЛОВСКИ, ОТКАКО ВО НЕГОВИОТ КАБИНЕТ СЕ НАЈДЕНИ 50-ТИНА ПРЕДМЕТИ ВО ФИОКАПретседателот на Судскиот совет Киро Здравев побара акција не само од Обвинителството, туку и од Антикорупциската комисија преку имотната состојба, за да се види дали Вангеловски и непотпишаните врховни судии, го правеле тоа за пари. - Јово Вангеловски (Фото: СДК.МК)

    Јавното обвинителство во предистражна постапка испитува кривична одговорност кај поранешниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски кај кого се затекнати 57 одамна завршени, како и непотпишани предмети поради кои странките претрпеле штета во однос на разумен рок на судењата, како и за неостварување на нивните права со чувањето на нивните предмети во фиока.

    Се испитуваат и причините зошто на пример четворица врховни судии од петчлениот кривичен совет ставиле потписи на заглавените предмети, а еден не и кои се тие врховни судии што блокирале.

    Јавното обвинителство бара евентуална одговорност и кај административната служба за непостапување по фатените предмети во канцеларијата на Вангеловски.

    Меѓу тие предмети има и такви од 2015, 2016 и 2017 година. Има и од 2018 и 2019. Оштетените странки ќе имаат право на отштета.

    Претседателот на Судскиот совет Киро Здравев побара акција не само од Обвинителството, туку и од Антикорупциската комисија преку имотната состојба, за да се види дали Вангеловски и непотпишаните врховни судии, го правеле тоа за пари.

    Обвинителството испитува индиции за злоупотреба на службената положба, несовесното работење во службата и попречување на правдата од страна на Вангеловски и евентуално од врховни судии кои со години не ги потпишувале предметите и поради тоа пресудите не се објавувале.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира