ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД ПОЛНОЌ, СЕ ОТВАРААТ ФИТНЕС ЦЕНТРИТЕ, ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ СМЕАТ ДА ЗЕМАТ ОДМОР, ПРЕДЛАГА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

    ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД ПОЛНОЌ, СЕ ОТВАРААТ ФИТНЕС ЦЕНТРИТЕ, ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ СМЕАТ ДА ЗЕМАТ ОДМОР, ПРЕДЛАГА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИКафеаните, само на отворено, ќе можат да работат до 23.30 (фото: СДК.МК)

    Полицискиот час да трае од полноќ до пет наутро, кафеаните, само на отворено, да работат до 23.30 и да се отворат фитнес центрите и теретаните, предлага Комисијата за заразни болести нови полабави мерки, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
    Министерот ќе ги предложи новите мерки на Главниот координативен кризен штаб во Владата, како што вели, „врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во државата“.
    Со новите мерки ќе се доволи и организирање на настани на отворено и затворено со почитување на протоколите од 2020 година, односно со присуство на 30 % од целосниот капацитет.
    Капацитетот на градинките се зголемува од 15 на 20 деца во групи
    Здравствените работници ќе може да ги искористат старите и да земат нови годишни одмори.
    Во земјава се намалува бројот на заболени и хоспитализирани од ковид-19, но смртноста и натаму останува голема.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира