ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА АНТИКОРУПЦИСКА ТАНТУРОВСКИ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

    ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА АНТИКОРУПЦИСКА ТАНТУРОВСКИ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКАОд Собранието велат дека утрово Тантуровски ја доставил својата неотповиклива оставка, а до утре оставки најавиле дека ќе поднесат и останатите членови на Државната комисија за спречување на корупција. - Игор Тантуровски, претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (лево), на конференцијата по повод завршувањето на двегодишниот твининг проект „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“ што се одржа на 13 октомври, 2016 (Фото: МИА)

    Претседателот на Антикорупциската комисија Игор Тантуровски денеска си поднесе оставка. Од Собранието велат дека утрово Тантуровски ја доставил својата неотповиклива оставка, а до утре оставки најавиле дека ќе поднесат и останатите членови на Државната комисија за спречување на корупција.

    Вчера оставка си даде и членот на Комисијата, Горан Миленков, кој изјави дека тоа го направил поради здравствени причини.

    Оставките на членовите на Антикорупциска доаѓаат по серијата текстови кои мината недела ги објави САКАМДАКАЖАМ.МК за неправилности во работата односно ненаменско трошење на буџетски средства.

    Претседателот на Антикорупциската комисија денеска не беше достапен на својот мобилен телефон да кажа зошто поднел оставка откако 2 март присуствувајќи на Собраниска расправа за политички систем рече изјави дека нема намера да се повлече од функцијата бидејќи не чувствува одговорност и не е посочен во ревизорскиот изваштај на Управата за јавни приходи.

    Ревизорскиот извештај на УЈП покажал дека во 2016 година на членови на Антикорупциската комисија им се исплаќале патни трошоци затоа што доаѓале на седници, а исплата се вршела врз основа на неверодостојни патни налози, некои од членовите воопшто не доаѓале на работа туку само на седници и биле поднесувале три патни налози за ист ден.

    Покрај овие нерегуларности во ревизорскиот извештај како ненаменско трошење на буџетски пари се посочуваат и трошоци за ручеци и вечери во ресторани кои членови на Комисијата ги правеле при патување во странство, како и трошоци за изнајмување на стан.

     

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира