РУСИЈА ГИ ОДБИ ПОВИЦИТЕ ЗА ДЕМИЛИТАРИЗАЦИЈА НА НУКЛЕАРКАТА ЗАПОРОЖЈЕ

    РУСИЈА ГИ ОДБИ ПОВИЦИТЕ ЗА ДЕМИЛИТАРИЗАЦИЈА НА НУКЛЕАРКАТА ЗАПОРОЖЈЕРаботниците во централата велат дека таа е цел на постојани напади во изминатите две недели (Фото: Гети)

    Русија ги одби повиците за целосна демилитаризација на областа околу нуклеарната централа Запорожје, сметајќи дека тоа би ја направило уште поранлива. Вакви повици се засилија поради грижите за безбедноста на најголемата нуклеарка во Европа, додека Русија и Украина меѓусебно се обвинуваа за гранатирањето на областа во изминатите денови. 

    Украинските инженери продолжија да управуваат со централата, иако таа беше заземена од руските сили во раната фаза од инвазијата.

    Секое оштетување на централата би било самоубиство. Таа не смее да се користи за никакви воени операции“, кажа генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, по вчерашната средба со Володимир Зеленски и Реџеп Таип Ердоган во Лавов.

    Киев ја обвини Русија дека ја претворила централата во воена база, додека Гутереш, Зеленски и Ердоган побараа од Русите да ја демилитаризираат областа што е можно побрзо.

    Тоа би ја направило централата уште поранлива“, изјави Иван Нечаев од руското министерство за надворешни работи.

    Работниците во централата велат дека таа е цел на постојани напади во изминатите две недели.

    Ова што се случува е ужасно и надвор од здрав разум“, велат тие.

    Три од четирите линии за напојување што ја поврзуваат централата со украинската електрична мрежа веќе биле оштетени. И покрај грижите, експертите велат дека централата Запорожје важи за побезбедна од Чернобил, при што реакторот е сместен во зграда од армиран бетон и може да издржи екстремни надворешни настани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира