САМО БРЗИ ТЕСТОВИ ВО БОЛНИЦИТЕ, БЕЗ ТРОШОЦИ ЗА ПЦР ТЕСТИРАЊА, ПРЕПОРАЧУВА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

    САМО БРЗИ ТЕСТОВИ ВО БОЛНИЦИТЕ, БЕЗ ТРОШОЦИ ЗА ПЦР ТЕСТИРАЊА, ПРЕПОРАЧУВА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИПЦР тестовите не само што се поскапи, туку и го комплицираат приемот на пациенти - Фото: СДК.МК

    Треба да се користат брзите антигенски тестови за детекција на ковид-19, а  не ПЦР тестирањата поради комплицираниот начин и изложување на дополнителни трошоци, препорача Комисијата за заразни болести.  Таа побара да се задолжат Комисиите за интрахоспитални инфекции да изготват соодветен протокол за користење на брзите антигенски тестови во здравствените установи и да се утврди дали таму каде не е можно да се употребат, пак ќе се применува ПЦР тестирање.

    „Околу 1.000 антигенски тестови пратично им се достапни на секоја јавна здравствена инстутуција која може да ги користи во секое време, залихи има. Граѓаните не треба да ги купуваат тестовите, туку можат да ги користат во здравствената установа каде се упатуваат на дијагностика или на дополнителни процедури“, рече д-р Злате Мехмедовиќ портпарол на Комисијата за заразни болести.

    Тој посочи дека сосојбата со коронавирусот во земјава е стабилна , има намалување на неделната инциденца. На сила остануваат мерките за заштита од носење маска во болници, јавен превоз и старски домови и засега нема потреба од дополнителни интервенции и измени.

    Ж.ЗДРАВКОВСКА 

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира