Пред почетокот на денешното судење за организираниот напад на Собранието на 27 април лани, во големата судница во Основниот суд Скопје 1 има тензична ситуација.
Обвинетиот Игор Југ, за кого во незавршена судска постапка против 33-цата обвинети, Собранието веќе го класираше во тие кои носеле оружје, а за кои нема да има амнестија, се обрати кон еден од тројцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за кои се изгласа специјален закон за амнестија: „Што се криеш сега бе како пичка под кошула?“.
Тоа ги исправи на нозе судската и затворската полиција, како и присутните припадници на „алфите“. Тие го смируваа Југ.
Претходно, на влезната врата на судот, пратеникот Љубен Арнаудов, за кого заедно со неговите колеги од парламентот, Крсто Мукоски и Сашо Василевски, ќе има амнестија, на новинарско прашање дали ќе поднесе барање за амнестија, на новинарите им одговори: „Изјава давам за 50 евра“.
С. К. ДЕЛЕВСКА