СУДСКИОТ СОВЕТ ЕДНОГЛАСНО ГО ОТФРЛИ БАРАЊЕТО НА ЈАНКУЛОСКА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА КАЦАРСКА ЗА ПОВРЕДА НА НЕЈЗИНИТЕ ПРАВА ВО СУДЕЊЕТО ЗА МЕРЦЕДЕСОТ ШТО ГО КУПИ ЗА ГРУЕВСКИ

    СУДСКИОТ СОВЕТ ЕДНОГЛАСНО ГО ОТФРЛИ БАРАЊЕТО НА ЈАНКУЛОСКА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА КАЦАРСКА ЗА ПОВРЕДА НА НЕЈЗИНИТЕ ПРАВА ВО СУДЕЊЕТО ЗА МЕРЦЕДЕСОТ ШТО ГО КУПИ ЗА ГРУЕВСКИСудијката Добрила Кацарска на сослушувањето во Судскиот совет на 24 септември (Фото: СДК.МК)

    Судскиот совет едногласно ја отфрли иницијативата на осудената ексминистерка Гордана Јанкулоска за разрешување на судијката од Кривичниот суд Добрила Кацарска, дознава неофицијално САКАМДАКАЖАМ.МК од членови во Судскиот совет.

    Претходно, на сослушувањето во Судскиот совет Кацарска ги викна новинарите. Сопругот на осудената Јанкулоска за злоупотреба на службената положба и овластувањата, како нејзин правен застапник наведе повеќе основи за разрешување на судијката, како судски рочишта вон работното време, откривање личен податок дека била со ризична бременост, па судење на бремена жена, проверка на лекарските уверенија за ризична бременост.

    Точка по точка Кацарска одговори на сите напади на Јанкулоска, со тоа што потсети дека ги предупредуваше адвокатите на обвинетите на, секое рочиште да не злоупотребуваат со бескрајните приговори што им ги дава законот, зашто ефективните часови за судење нема на таков начин да ги избегнат, дека никаде во законот не пишува дека не смее да им се суди на бремени жени, потоа дека ги запази сите нејзини мајчински права со паузи за доење кога се роди бебето на Јанкулоска…

    Што се однесува пак до проверката на специјалистичката документација што ја поднесуваше Јанкулоска до судот, во ОЈО Скопје веќе има кривична постапка против лекари под сомнение дека давале фалш извештаи на обвинети од СЈО.

    Обвинителството деновиве отвори постапка и за извештаите што ги давале лекари и вешто лице од Штип, поради кои Основниот суд Штип не можел да го врати цела година осудениот Игор Спасов назад во затвор, за на крајот а избега од државава. Спасов сега се бара со меѓународна потерница.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира