ЦЕЛА ОПОЗИЦИЈА СЕ ПРИЈАВИ ЗА ЗБОР И ГО БЛОКИРАШЕ ЗАКОНОТ ШТО ЌЕ ОВОЗМОЖИ НЕПЕНЗИОНИРАЊЕ НА 60 СУДИИ, ЏАФЕРИ ГИ ИСПРАТИ ПРАТЕНИЦИТЕ ДОМА

    ЦЕЛА ОПОЗИЦИЈА СЕ ПРИЈАВИ ЗА ЗБОР И ГО БЛОКИРАШЕ ЗАКОНОТ ШТО ЌЕ ОВОЗМОЖИ НЕПЕНЗИОНИРАЊЕ НА 60 СУДИИ, ЏАФЕРИ ГИ ИСПРАТИ ПРАТЕНИЦИТЕ ДОМАСо пензионирањето на судиите многу тековни судски предмети ќе се вратат на почеток; - Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, (Фото: К. Попов)

    Ќе нема измени на Законот за работни односи и 60-ина судии и 13 обвинители од задутре одат наеднаш во пензија. Владејачкото мнозинство во Парламентот не успеа да ги донесе измените на Законот за работни односи. Со пензионирањето на судиите многу тековни судски предмети ќе се вратат на почеток.

    Според образложението на предлог-измените на Законот за работните односи, чиј предлагач е Министерството за труд и социјална политика, продолжувањето на работниот век на 60 судии и 13 обвинители до 67 години старост е од суштински јавен интерес и ќе овозможи моментално непречено извршување на судската власт како есенција на владеењето на правото.

    Само што вечерва  почна седницата за овие измени, кои во собраниските комисии опозицијата жестоко ги бранеше предизвикувајќи и инциденти, претседателот на Собраието Талат Џафери ја прекина.

    „Само вие ги знаете причините зошто брзате да ги испратите во пензија овие судии и обвинители. Ние сакаме да им го продолжиме мандатот не за нас, туку за граѓаните. А вие си знаете зошто сакате да го спречите тоа. Се жалите сте биле уморни по целодневна расправа за пратенички прашања. Еве тука ја прекинувам оваа седница, за нејзиното продолжение дополнително ќе бидете известени“, рече Џафери и ја прекина седницата.

    Пред да ја затвори седницата, за збор кај Џафери се пријавија 40 пратеници. Практично, сите пратеници од опозицијата во Парламентот, заедно со Алијанса за Албанците. Со правото на 4 реплики, тоа би фатило период од неколки дена, а веќе за утре на дневен ред е интерпелацијата на Џафери, а задутре е први јули, кога големата група судии ќе се пензионираат со 64, односно 62 години, по актуелниот закон.

    Евроамбасадорот Дејвид Гир деновиве на состаноците со пратеничките групи во Собранието им укажуваше на пратениците дека е потребно да внимаваат да не се појави недостиг на кадар во судството и во обвинителството.

    „Сепак, пензионирањето на голем број судии останува предизвик. Затоа предлог-измената на Законот за работни односи е важна за да се избегне недостатокот од персонал во судството и во обвинителството. Чекаме да се комплетира и бројот на судии во Уставниот суд, без кои тој не би можел да функционира“, кажа Гир пред расправата во Комисијата за европски прашања (КЕП).

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира