УЧИЛИШТАТА И БОЛНИЦИТЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОЕВТИНА СТРУЈА, ЕСМ ЌЕ ГО ПРЕЗЕМЕ ПАРНОТО ВО СКОПЈЕ, ОДЛУЧИ ВЛАДАТА

    УЧИЛИШТАТА И БОЛНИЦИТЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОЕВТИНА СТРУЈА, ЕСМ ЌЕ ГО ПРЕЗЕМЕ ПАРНОТО ВО СКОПЈЕ, ОДЛУЧИ ВЛАДАТАКовачевски кажа дека грејната сезона, како и вообичаено ќе почне на 15 октомври. (Фото: СДК.МК)

    Основните и средните училишта на територијата на цела држава ќе бидат префрлени на регулираниот пазар, додека сите здравствени установи ќе бидат обезбедени со електрична енергија преку ЕСМ продажба по поповолна цена од берзанската. Ваква одлука донесе денеска економско-енергетскиот совет на Владата со цел овие институции да плаќаат поевтина струја од досега, бидејќи беа на слободниот пазар и поради поскапувањето на струјата на европските берзи имаат значително зголемени сметки.

    На вонредната прес-конференција вечерва, премиерот Димитар Ковачевски кажа дека е донесена одлука да се почне постапка за издавање лиценца за производство на топлинска енергија. Регулаторната комисија за енергетика ја одзеде лиценцата на БЕГ, а според најавите на Ковачевски, со парното во Скопје ќе управува државната ЕСМ.

    „Економско-енергетскиот совет на владата штотуку заврши со својот состанок и донесовме одлуки кои сакам да ги споделам со јавноста а се однесуваат на сигурно, стабилно снабдување со енергенси во наредниот период. го повикувам Град Скопје, РКЕ и Комисијата за заштита на конкурентност во најбрзо време да дадат позитивно мислење за одлуката со што ќе се створат услови за целосно функционирање на ЕСМ со топланите. Обезбедени се финансиски средства за потребните енергенси за топлинска енергија“, изјави Ковачевски, додавајќи дека грејната сезона, како и вообичаено ќе почне на 15 октомври.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира