УТРЕ ЌЕ ПРЕДЛОЖИМЕ ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА, КАЖА ФИЛИПЧЕ

    УТРЕ ЌЕ ПРЕДЛОЖИМЕ ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА, КАЖА ФИЛИПЧЕПрвата вонредна состојба беше прогласена на 18 март, па се продолжи на 18 април. (Фото: К. Попов)

    Министерот за здравство Венко Филипче и Комисијата за заразни болести на утрешниот состанок на Советот за безбедност ќе побараат продолжување на вонредната состојба, со цел да  имаат механизми за имплементирање на препораките. Првата вонредна состојба беше прогласена на 18 март, па се продолжи на 18 април.

    „Дел од мерките кои ги предложуваме важат за вонредната состојба и важно е да важат и понатаму, во однос на рестрикциите и уредбите“, рече тој.

    Филипче кажа дека почнуваат регионали состаноци со цел за побезбедно патување, согласно препораките на Европската Комисија која вчера објави пакет мерки. Тој денес ќе оди на состанок со заменик-министерот за здравство на Грција, и ќе разговараат за досегашната припрема на здравствениот систем, и  за координцаија за отворање на границите и на аеродромите.

    „Ги слушнавме вчера рекациите во јавноста, за одлуката за државните функционери да може да патуваат и потоа да не одат во карантин. Сакам да укажам дека не станува збор за ништо друго совен за органиизирање на состаноци од ваков тип. Сите посети се согласно протоколите за заштита на Комисијата за заразни болести. Воопшто не станува збор дека кој било функционер може да патува“, кажа министерот.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира