ВМРО-ДПМНЕ ЈА ОКУПИРАШЕ ГОВОРНИЦАТА НА ЏАФЕРИ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ

    ВМРО-ДПМНЕ ЈА ОКУПИРАШЕ ГОВОРНИЦАТА НА ЏАФЕРИ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕБарањето за пауза на Илија Димовски беше одбиено од спикерот Талат Џафери со образложение дека паузата не била побарана во трите минути процедурално што ги имаше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ. (Фото: СДК.МК)

    Координаторот на една од десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски побара пауза, но претседателот на собранието Талат Џафери го одби неговото барање, по што десетина опозициски пратеници излегоа и ја блокираа говорницата за време на расправата за предлог-законот за употреба на јазиците.

    „Го кршите Деловникот, го кршите Уставот и го кршите Охридскиот рамковен договор“, го обвини Димовски Џафери.

    „Под овие услови не ви давам пауза, седнете си на местата“, му одговори Џафери.

    Откако успеа да ги убеди пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се вратат на своите места, Џафери кажа дека под закана на сила и под уцена, Собранието нема да носи одлуки.
    „Иако е дискутабилно, бидејќи не побаравте пауза за време на трите минути процедурално, давам еден час пауза“, му кажа Џафери на Димовски.

    Седницата треба да продолжи во 14.40 часот.

    За време на паузата, Илија Димовски на прес-конференција кажа дека неговата партија ќе ги искористи сите законски, уставни и деловнички можности да го спречи донесувањето на Законот за јазиците, бидејќи, како што кажа пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, тој нема да донесе ништо квалитетно, туку само двојазична федерализација.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира