ЗА ПАПАТА ФРАЊО ДОАЃААТ 1.000 ВЕРНИЦИ ОД ХРВАТСКА И НАД 220 СТРАНСКИ НОВИНАРСКИ ЕКИПИ

    ЗА ПАПАТА ФРАЊО ДОАЃААТ 1.000 ВЕРНИЦИ ОД ХРВАТСКА И НАД 220 СТРАНСКИ НОВИНАРСКИ ЕКИПИЗа посетата на Папата Фрањо на 7 мај се акредитирани над 220 странски новинарски екипи, од кои 60-тина пристигнуваат со него и ќе придружуваат за време на целата посета.(Фото: Твитер/@Pontifex)

    На литургијата на Папата Фрањо на Плоштад Македонија на 7 мај се очекува да присуствуваат најмалку 15.000 граѓани кои ќе влезат со пропусници, кои бесплатно ги издава Католичката црква. Се пријавуваат граѓани од странство, а најмногу се пријавени од Хрватска, околу илјада верници, велат извори од Координативното тело за организација на посетата на Папата.

    За посетата на Папата Фрањо се акредитирани над 220 странски новинарски екипи, од кои 60-тина пристигнуваат со него и ќе придружуваат за време на целата посета.

    Еднодневната посета на Папата Фрањо на Скопје ќе има државен и религиски карактер. На аеродром ќе го пречекаат премиерот Зоран Заев и претседателот Ѓорге Иванов, кој ќе го прими во претседателската вила на Водно.

    Подоцна, во спомен-куќата на Мајка Тереза Папата Фрањо ќе се сретне со поглаварите на сите верски заедници.

    Пропусниците за литургијата на плоштадот ќе може да се подигаат на неколку начини. Од 22 април, понеделник, Катедрална црква Пресвето срце Исусово во Скопје ќе почне да ги дели пропусниците од 10 часот наутро. Граѓаните ќе треба со себе да носат лична карта. За да нема турканици, може и едно лице да дојде со повеќе лични карти и да подигне исто толку пропусници за мисата на Папата Фрањо.

    Од Катедралната црква Пресвето срце Исусово велат дека заинтересираните граѓани од внатрешноста не мора лично да доаѓаат еднаш да земат пропусници, а потоа и на 7 мај, туку може само да се јават на телефонскиот број 02 3229 167, по што ќе бидат евидентирани на список.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира