ЗАТВОРЕНИ 19 УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ ВО ТЕТОВО И ГОСТИВАР ЗА НЕИЗДАВАЊЕ ФИСКАЛНИ И ДРУГИ ПРЕКРШОЦИ

    ЗАТВОРЕНИ 19 УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ ВО ТЕТОВО И ГОСТИВАР ЗА НЕИЗДАВАЊЕ ФИСКАЛНИ И ДРУГИ ПРЕКРШОЦИПолицијата спроведе и зајакната контрола во врска со управувањето на возила од граѓани под дејство на алкохол. - Директорот на Бирото за јавна безбедност Лазе Велковски (Фото: СДК.МК)

    19 угостителски објекти се затворени и 26 лица се приведени во Тетово и Гостивар ноќеска по заедничката акција на МВР, УЈП и Државниот пазарен инспекторат во двата града, како и во Битола, Прилеп, Велес и други градови, соопшти МВР. Забраната за вршење дејност од 15 и 30 дена е изречена поради неиздавање фискални сметки и нерегистрирана дејност. Приведените се поради поседување дрога, непоседување лични документи и нерегулиран престој.

    „Контролите почнаа во 22 часот во Прилеп и продолжија до рано изутрина во Велес, Тетово и Гостивар. На подрачјето на СВР Тетово односно градовите Тетово и Гостивар, контролирани се 31 објект. При извршените контроли, на 19 објекти од страна на Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат изречени се мерки забрана за вршење на дејност во траење од 15, односно 30 дена за непочитување на законските прописи согласно Законот за регистрирано готовинско плаќање и Законот за угостителска дејност“, кажа директорот на Бирото за јавна безбедност Лазе Велковски на денешната прес-конференција.

    Тој рече дека била спроведена и зајакната контрола во врска со управувањето на возила од граѓани под дејство на алкохол.
    „Од страна на СВР Велес, во градовите Велес, Кавадарци и Неготино, беше спроведена и зајакната акциска контрола во врска со управувањето на возило од граѓани под дејство на алкохол, при што алкотестирани се вкупно 232 возачи и притоа кај 29 возачи е утврдено присуство на алкохол. Министерството за внатрешни работи во соработка со другите институции ќе продолжи со ваквите контроли и во наредниот период“, додаде Велковски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира