„ЕУРОЛИНК“ ЧЕТВРТО ЛЕТО ОРГАНИЗИРА БЕСПЛАТНА ПЛИВАЧКА ШКОЛА ПОД ВОДСТВО НА НАТАША МЕШКОВСКА

    „ЕУРОЛИНК“ ЧЕТВРТО ЛЕТО ОРГАНИЗИРА БЕСПЛАТНА ПЛИВАЧКА ШКОЛА ПОД ВОДСТВО НА НАТАША МЕШКОВСКАСтручен тим на чело со Мешковска ќе избере 50 деца за школата во Скопје и по 40 деца за Кавадарци и Пробиштип. - Од претходните летни пливачки школи на „Еуролинк“

    Четврта година по ред, „Еуролинк осигурување“ организира пливачка школа за деца на возраст од осум до 12 години. Во Скопје, Кавадарци и Пробиштип децата ќе работат под раководство на тимот на проф. д-р Наташа Мешковска по програмата преземена од УССВИМ (Американска програма за обука на деца непливачи), која гарантира дека за осум до 10 часа секое дете ќе ги совлада основните техники на пливање.

    Пријавувањето ќе се одвива по следниот распоред: во Скопје од 7 до 14 јуни, во Кавадарци од 18 до 25 јуни и во Пробиштип од 27 јуни до 3 јули. Родителите можат да ги пријават своите деца на [email protected], со испраќање на следниве податоци: име и презиме на детето, возраст, висина, тежина, како и име и презиме и контакт-телефон на родителот. Селекцијата на пријавените кандидати ќе се одржи на првиот час од страна на стручен тим на чело со Мешковска, кој ќе избере 50 деца за школата во Скопје и по 40 деца за школите во Кавадарци и Пробиштип

    Летните пливачки школи ќе се одржуваат од 17 до 26 јуни во Скопје, од 1 до 8 јули во Кавадарци, а во Пробиштип од 9 до 16 јули.

    Летната пливачка школа на „Еуролинк осигурување“ е дел од платформата за Корпоративна општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира