ЃОКОВИЌ ЈА ОСВОИ ОСМАТА ТИТУЛА ВО СВОЕТО ОСМО ФИНАЛЕ НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН

    ЃОКОВИЌ ЈА ОСВОИ ОСМАТА ТИТУЛА ВО СВОЕТО ОСМО ФИНАЛЕ НА АВСТРАЛИЈА ОПЕНЃоковиќ сега има 17 гренд слем титули, од кои осум во Мелбурн (Фото: ЕПА)

    Новак Ѓоковиќ ја одбрани титулата на Отвореното првенство на Австралија, откако во денешното финале го совлада Доминик Тим со 6:4, 4:6, 2:6, 6:3, 6:4.

    Српскиот тенисер со тоа го зголеми својот рекорд на освоени титули во Мелбурн на осум, при што ниту еднаш досега не изгубил финале. За Ѓоковиќ ова е вкупно 17. гренд слем титула.

    Дваесет и шестгодишниот Австриец и натаму останува без гренд слем титула, откако двапати губеше во финалето на Ролан Гарос и сега на Австралија опен. Тој направи пресврт откако го загуби првиот сет, користејќи драстичен пад во играта на противникот, но по четири часа игра, сепак, остана без титулата.

    Со триумфот во Мелбурн, Ѓоковиќ ќе го помине Рафаел Надал и утре повторно ќе се врати на првото место на АТП-листата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира