ЛУИС ЕНРИКЕ ПОРАДИ ИТНА СЕМЕЈНА СИТУАЦИЈА ЈА НАПУШТИ КЛУПАТА НА ШПАНИЈА

    ЛУИС ЕНРИКЕ ПОРАДИ ИТНА СЕМЕЈНА СИТУАЦИЈА ЈА НАПУШТИ КЛУПАТА НА ШПАНИЈАОд април не беше во можност да ги извршува селекторските обврски. - Луис Енрике (Фото: Гети)

    Луис Енрике по само 11 месеци ја напушти клупата на шпанската фудбалска репрезентација и ќе биде заменет со неговиот помошник Роберт Морено.

    Поранешниот тренер на Барселона потпиша двегодишен договор во јули 2018, но беше отсутен од март поради „итна семејна ситуација“, кажаа од Шпанската фудбалска федерација.

    „Луис Енрике лично ја донесе оваа одлука. Станува збор за лични причини, кои никако не зависат од нас. Мислиме дека ова е најдобро што можеше да направи“, изјави претседателот на Федерацијата Луис Рубијалес.

    Во својата кратка изјава Енрике ѝ се заблагодари на Федерацијата што покажала разбирање за ситуацијата.

    Енрике итно ја напушти репрезентацијата во пресрет на натпреварот со Малта на 26 март и изрази желба во најголема дискреција да се посвети на проблем во семејството. По средбата со Норвешка, тој уште еднаш итно замина дома и оттогаш не се врати на функцијата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира