НЕПОЗНАТИОТ ОБЈЕКТ ШТО ПАДНА ВО КИПАР Е РУСКА РАКЕТА ОД СИРИЈА, ВЕЛАТ ВЛАСТИТЕ

    НЕПОЗНАТИОТ ОБЈЕКТ ШТО ПАДНА ВО КИПАР Е РУСКА РАКЕТА ОД СИРИЈА, ВЕЛАТ ВЛАСТИТЕРакетата лансирана од Сирија промашила и паднала на планина во Кипар. (Фото: Скајњуз)

    Објектот што падна во северен Кипар ноќеска изгледа е руска ракета, рече министерот за надворешни работи на турскиот дел од Кипар Кудрет Озерсај.

    „Првата проценка е дека станува збор за руска ракета, дел од систем за противвоздушна одбрана, кој бил активиран ноќеска по воздушен напад против Сирија, го комплетирала својот домет и паднал на нашата територија откако промашил“, соопшти Озерсај.

    Објектот падна на планина северно од престолнината Никозија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира