ВАКЦИНИТЕ ВО ИТАЛИЈА ГИ НАМАЛИЛЕ ИНФЕКЦИИТЕ ЗА 80%, А СМРТНИТЕ СЛУЧАИ ОД КОВИД-19 ЗА 95%

    ВАКЦИНИТЕ ВО ИТАЛИЈА ГИ НАМАЛИЛЕ ИНФЕКЦИИТЕ ЗА 80%, А СМРТНИТЕ СЛУЧАИ ОД КОВИД-19 ЗА 95%Од крајот на декември до почетокот на мај се вакцинирале 13,7 милиони Италијанци (Фото: Ѓ. Личовски)

    Ризикот од зараза, хоспитализација и смрт од ковид-19 прогресивно се намалува после две недели од вакцинирањето, покажа првиот национален италијански извештај за ефектите на имунизацијата, што го спроведоа Институтот за здравство и Министерството за здравство.

    Триесет и пет дена од почетокот на вакцинирањето, бројот на зарази се намалил за 80%, бројот на хоспитализации за 90%, а бројот на смртни случаи за 95%, и кај мажи и кај жени и сите возрасни групи.

    Податоците го опфаќаат периодот од 27 декември 2020, кога Италија ја почна програмата за имунизација до 3 мај и се однесуваат на 13,7 милиони луѓе.

    95% од вакцинираните со „Фајзер/Бионтек“ или „Модерна“ ги примиле и двете дози, а никој од оние кои биле вклучени во истражувањето сè уште не бил целосно вакциниран со „АстраЗенека“, осносно ја примиле само првата доза.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира