МАМА АНГЕЛА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:98:"Задапораснеиндустрискотопроизводствојадетеграв

    1 Германската канцеларка Ангела Меркел зборувајќи за проширувањето на ЕУ во Бундестагот рече дека “земјите како Албанија, Босна, Србија и Македонија имаат можност за членство, но знаеме дека таквата перспектива е со среден рок”.
    Ангела, Ангела, мама Ангела… Не мораше така ѓаволесто да ни го спуштиш. Можеше барем ич да не нѐ спомнеш.
    Џабе Груевски толку пати на гости ти доаѓаше. Џабе министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во Германија учеше. Џабе фондацијата “Конрад Аденауер” ги поддржа ВМРОвците да победат. Ангела е Германка. Значи, темелна е. Ама можеше кога ги нареди сите што не ги бидува за во ЕУ нас да не заборави. Убаво си живеевме во надеж дека сме за кус рок. Сега со ЕУ ќе нѐ тупат и на среден рок.

    2 Државата се изненади самата себеси. Донесе Закон дека ако не добиеш фискална не мораш да платиш. А државните патарини на Скопје Тетово немаа фискални каси. Па возачите не мораа да плаќаат патарина.
    Пет години не можеа да стават фискални каси. Сега ги ставија за пет дена.
    Сега граѓаните добија право да не плаќаат ако не добијат фискална. Дали тоа значи дека граѓаните треба да се тепаат за да го остварат тоа право. Ај пробај да не платиш во ресторан без да се плашиш да не те натепа газдата. Затоа Законот предвидува дека можеш да бараш асистенција на полиција.
    Јас решив. Кога ќе одам во гранапче со намера да побарам фискална сметка, ќе одам со асистенција на полицијата. И тоа ќе ѝ најавам одвечер на полицијата дека сабајле ќе одам по леб и млеко. Не сакам да излезе како во Шпанско село дека не ѝ било јавено на време на полицијата дека ќе се урива, па не можела да дојде и да ги спречи блокадите.

    3 Дека државата самата себеси се изненадува од ден на ден е и веста дека среде Скопје полицијата фатила три камиони со оружје на АРМ. МВР праќа специјалци, а Министерството за одбрана вели дека транспортот бил легален оти имало договор меѓу војската и МЗТ. Фино. Ама од каде пак во целата приказна излезе дека камионите биле со бугарска регистрација?
    Министерот за одбрана Лазе Еленовски рече дека пратката била компензација. Со кого? Со МЗТ, или со Бугарија? И што се компензира? Подоцна ни беше речено дека не било компензација, туку оружјето се носело на репарација.
    Замислете го министерот Еленовски како оди на лекар. И му вика на докторот: “Дојдов за кастрација!”. Докторот не верува. Се чуди: “Кастрација!? Да не си грешка?”. А пациентот упорен: “Кастрација па кастрација”. И бидна кастрација.
    Се буди Лазе Еленовски од анестизија и му текнува: “А бе докторе, не беше кастрација. Беше вакцинација”.

    4 Некој во скопските градски институции решил да не се кити за Нова година за да не се правела еуфорија пред католичкиот Божик.
    Зошто луѓето да ги фаќа еуфорија пред време? Скопјани не треба да бидат среќни. Нека останат во мизеријата во која се цело време и во мракот на градските улици.
    Како на тој ум од Градот не му текна дека еуфоријата би била добра и за неговата плата. Ако луѓето се празнично расположени, ќе трошат повеќе. Од секој трошок ќе оди нешто и за државата. Од даноците што ги плаќаме ќе оди нешто и за неговата плата.
    Ама, кој функционер живее од плата?

    5 Премиерот магистрираше. Темата на магистерската е: “Странските инвестиции и нивното влијание во развојот на економијата и отворањето нови работни места”.
    Е па Груевски, како што вели латинската поговорка: “Хик Родос, хик салта!” Преведено тоа значи: “Еве ти ја државата, сѐ е во твои раце, направи што знаеш”. Само стотина луѓе во светот имаат шанса тоа што го напишале да го докажат во пракса. Груевски е еден меѓу нив. Тоа ни на лото не се добива.
    Премиерот само магистрираше. Дали положил ќе видиме во 2010. Тогаш или ќе докторира, или ќе го вратиме во Прилеп на дошколување.

    6 Министерот за финансии Трајко Славески најави дека в година индустриското производство ќе порасне за 6 отсто. Во исто време ја искара претходната влада дека ја оставила Македонија без струја.
    Првиот потег по недостигот на струја беше намалување на испораката на големите фабрики. Па и тие од МЕПСО се пофалија дека тоа што нема доволно струја нема да го почувствуваат граѓаните, оти рестрикции ќе има само за големите потрошувачи. Граѓаните можат да користат еркондишни за греење, а фабриките не мора да работат.
    Како ќе расте индустриското производство ако на индустријата ѝ се крати струјата? Гасовод нема. Нафтата е скапа. И што треба да правиме? Да се свртиме кон природните и неискористени ресурси. За почеток да се нафукаме грав. За да правиме ветрови. Ама и тоа мора да биде строго контролирано за наменско производство. Ако секој од нас испушта гасови без план и шема за производство, енергијата ќе се растура без потреба. Не се знае колку ќе оди за Фени, колку за скопските железарници, колку за да проработи Силмак. Испуштањето гасови мора да биде синхронизирано.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира