Прашањето за докуп на стаж и предвремено одењe во пензија не е ниту предмет на дебата во овој период, ниту е приoритет. Тој закон воопшто не е отворен, рече денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на отворање на нова градинка во општина Илинден. Министерката кажа дека прво ќе се донесе Предлог-законот за измена на Законот за работни односи кој е во собраниска процедура, а потоа би го отвориле прашањето за предвремено пензонирање и докуп на стаж.
Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи со кој се предлага задолжително пензионирање на 64 години возраст и најмалку 15 години стаж, како и уште 4 предлог-закони за да се усогласи ова забрзано пензионирање во здравството, администрацијата, во високото образование и во полицијата. Сите поминаа во Собранието во прво читање, а следува комисиска расправа и гласање на пленарна седница. Пратениците од парлментарното мнозинство ги предложија овие измени.
За Предлог-законот за измените на Законот за работни однси, министерката кажа дека погрешна е тезата за предвремено пензионирање.
„Ние никого не пензионираме предвремено. Ние правиме измени заедно со пратениицте, тоа пратениците го предложија секако во координација со Министерството за труд и социјална политика, Предлог-закон за измена на Законот на работни односи во кој го дефинириаме траењето на договорите за работа. Во тоа законско решение стои дека договорот за работа прекинува со наполнети 64 години возраст и 15 години стаж. Ова ги обединува како мажите така и жените, согласно уставната одредба во членот 9 дека и мажите и жените се еднакви пред законите. Не пензионирање, туку завршување на договорите за работа и тоа индиректно импутира дека сите со наполнети 64 години треба да одат во пензија. Тоа се измени на Законот за работни односи кои се во собраниска процедура“, кажа Шахпаска.
Министерката додаде дека очекувала оти и власта и опозицијата ќе го поддржат ова законско решение, но вели дека опозицијата поднела 480 амандмани точно во оние закони каде се прават исклучоците, а исклучок има во делот на здравствени работници и соработници, да може нивниот работен век да се продолжува година за година, но најмногу до 67 години.
„Тоа решеие е донесено затоа што бројот на здравствени работници кои ни се неопходни особено во услови на пандемија, да продолжат да работат заради јавниот интерес, а јас слушнав дека опозицијата поднела 480 амандмани да го блокира законот“, рече Шахпаска.
Поради недостиг на одредени стручни кадри и потребата од ефикасно продолжување на работниот процес, исклучок од правилото за пензионирање на 64 години возраст и 15 години пензиски стаж ќе има во секторите здравство и високо образование.
Со измените во Законот за здравствена заштита, заради непречено вршење на здравствената дејност директорот на здравствената установа, по претходна согласност на здравствениот работник односно соработник, еднаш годишно донесува одлука за продолжување на договорот за вработување на здравствениот работник или соработник кој ги исполнил условите за стекнување на старосна пензија најмногу до 67 години возраст. Но, како што се потенцира, оваа одлука задолжително ќе мора да ја потврди и министерот за здравство.
Во Законот за високо образование истото е предвидено, па работодавачот еднаш годишно може да го продолжи договорот за вработување на професорот, до завршување на учебната година во која ги исполнува условите за стекнување старосна пензија или најмногу до завршување на учебната година во која полни 67 години возраст.
Б. НЕСТОРОСКА