ГОРД СУМ НА БОНД И ТАЖЕН, НО ВРЕМЕ Е ДА ПРОДОЛЖАМ ПОНАТАМУ, РЕЧЕ КРЕГ НА ПРЕМИЕРАТА НА „НЕ Е ВРЕМЕ ЗА УМИРАЊЕ“

    ГОРД СУМ НА БОНД И ТАЖЕН, НО ВРЕМЕ Е ДА ПРОДОЛЖАМ ПОНАТАМУ, РЕЧЕ КРЕГ НА ПРЕМИЕРАТА НА „НЕ Е ВРЕМЕ ЗА УМИРАЊЕ“Лашана Линч, Даниел Крег и Леа Сејду на вечерашната премиера на „Не е време за умирање“. (Фото: „Скај“)

    По 18 месеци од првично најавениот термин и три одложувања поради пандемијата на ковид-19, новиот филм за Џејмс Бонд, 25. по ред,  „Не време за умирање“ вечерва има светска премиера во Лондон.

    „Пред една година ова се чинеше како сон, не мислевме дека филмот некогаш ќе излезе. Големо олеснување е да се биде тука. Се надевам дека филмот ќе ги врати луѓето во киносалите и дека оваа прекрасна професија ќе опстане. Измешани ми се чувствата, но неверојатно сум горд на тоа што сработивме и постигнавме. Секако дека чувствувам и тага, горд сум на Бонд, но мора да продолжам понатаму“, рече 53-годишниот актер Даниел Крег за петтото и последно појавување на Крег како тајниот агент.

    Кинодистрибуцијата во Велика Британија почнува од утре. Во Скопје ќе игра од 7 октомври, а во САД од следниот ден.

    Режисер е Кери Фукунага, а играат и: Леа Сејду, Рами Малек и Наоми Харис.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира