Нема потреба од грижи за наводно преземање на некакви бази на податоци на граѓаните, затоа што на веб страната не постојат такви позадински бази и истата има информативен карактер, соопшти Mинистерството за образование и наука (МОН) откако официјалната веб страна денеска беше хакирана, по што неколку часа стоеше пораката пораката „Хакирано од грчкиот хакерски тим Netwatchers“, а сега не се отвора.
„Mинистерството за образование и наука е во комуникација со Националниот ЦИРТ центар за компјутерски инциденти при Агенцијата за електронски комуникации каде што е пријавен случајот и од каде очекуваме со поддршка на МВР да се преземат конкретни активности за пронаоѓање на локацијата и изворот на нападите. Во меѓувреме, ИТ службата на МОН со поддршка од надворешни соработници презема дејствија за зајакнување на безбедноста на веб страницата, по што повторно ќе биде активирана“, велат од МОН.