ЕУ Е ЗАГРИЖЕНА ШТО ВО ВАЖНИ СУДСКИ СЛУЧАИ ДЕЛАТА СЕ ПРЕД ЗАСТАРУВАЊЕ

    ЕУ Е ЗАГРИЖЕНА ШТО ВО ВАЖНИ СУДСКИ СЛУЧАИ ДЕЛАТА СЕ ПРЕД ЗАСТАРУВАЊЕОд ЕУ сакаат да видат ефективна работа од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција по изборот на Ислам Абази за нов шеф на ова обвинителство. - Зградата на Делегацијата на ЕУ во Скопје (Фото: СДК.МК)

    Европската унија го следи судскиот систем во Македонија и е свесна дека застаруваат некои дела, но оттаму не сакаат да коментираат конкретни случаи. Извори од ЕУ велат дека очекуваат судството да ги забрза постапките и да не се дозволи да пропаднат важни предмети поради застарување на кривичните дела.

    Оттаму велат и дека сакаат да видат ефективна работа од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција по изборот на Ислам Абази за нов шеф на ова обвинителство.

    ЕУ има забелешки и во врска со проблемот со изборот на кандидати за контролори на летање минатата година, за кој велат дека бил загрижувачки, иако на крај проблемот беше решен.

    САКАМДАКАЖАМ.МК во ноември објави дека управата на М-НАВ сака да го поништи огласот за нови контролори на летање затоа што не поминале „вистинските“ кандидати. По реакциите во јавноста, М-НАВ не го поништи огласот и на обука заминаа највисокорангираните кандидати.

    Во врска со уставните измени за внесување на Бугарите на Уставот, извори од ЕУ повторуваат дека ако тие не се случат до крајот на годинава, кога завршува скринингот, процесот на евроинтеграции ќе застане таму.

    Оттаму сметаат дека прашањето станало премногу политизирано, иако во принцип земјата има добри меѓуетнички односи и нема проблем и Бугарите да бидат внесени во Уставот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира