БАР НА МИКОНОС КАЗНЕТ СО 33 МИЛИОНИ ЕВРА ПОРАДИ НЕЛЕГАЛНО ГРАДЕЊЕ

    БАР НА МИКОНОС КАЗНЕТ СО 33 МИЛИОНИ ЕВРА ПОРАДИ НЕЛЕГАЛНО ГРАДЕЊЕВластите имаат право да го затворат бизнисот ако сопственикот не ги урне нелегално изградените структури (Фото: СДК.МК)

    Бар на плажа на грчкиот остров Миконос доби казна од 33 милиони евра, објавија грчките медуми. Околу 22,5 милиони евра се однесуваат на неодобрена изградба на структури, а дополнителна казна од 11,5 милиони евра е изречена зашто тие не биле урнати по предупредувањата.

    Почнувајќи од оваа година, сопственикот ќе плаќа казна од 11 милиони евра за секоја помината година во која нелегалните градби не биле урнати. Тој има право на жалба од десет дена.

    Откако целата процедура ќе заврши, властите имаат право да го затворат бизнисот доколку сопственикот не пристапи кон уривањето на нелегално изградените структури. Наредбата за уривање била потпишана во петокот.

    Според инспекторите од министерството за животна средина кои биле во инспекција на популарниот остров од 4 до 11 април, областа што мора да се урне надминува 500 квадратни метри.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира