Патните правци кои водат кон источниот дел од Македонија се целосно затворени за сообраќај, информираше утрово Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Автопатот од Велес до Скопје е непрооден. Патниот правец од Штипска петља до Катланово е целосно затворен за сите видови на патнички и товарни возила. Од наплатна станица „Отовица“ до Кула воопшто нема проодност на сообраќајот бидејќи има заглавено повеќе возила.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес се одвива по една коловозна лента.
Затворен е и магистралниот пат Штип – Кочани. Поради снежни наноси од селото Крупиште до бензиската пумпа „Ваго“ сообраќајот е во прекин, соопшти АМСМ.
Во прекин е и сообраќајот на регионалниот пат Тетово – Јажинце кај селото Јажинце поради обилни врнежи од снег.