ШАКИРА ПРИФАТИ СПОГОДБА ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА СУДЕЊЕТО ЗА ДАНОЧНА ИЗМАМА ВО БАРСЕЛОНА

    ШАКИРА ПРИФАТИ СПОГОДБА ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА СУДЕЊЕТО ЗА ДАНОЧНА ИЗМАМА ВО БАРСЕЛОНАШакира беше обвинета за даночно затајување од 14,5 милиони евра (Фото: АП)

    Поп ѕвездата Шакира постигна договор со шпанските обвинители непосредно пред почетокот на судскиот процес за даночна измама во Барселона. Колумбиската пејачка беше обвинета за даночно затајување од 14,5 милиони евра, при што обвинителите кажаа дека ќе бараат затвор до осум години и парична казна од 24 милиони евра ако биде прогласена за виновна.

    Двете страни се договориле таа да плати казна од 7,5 милиони евра.

    Случајот беше заснован на тврдењето дека Шакира од 2012 до 2014 поминала повеќе од шест месеци годишно како жителка на Шпанија, што ја обврзувало да ѝ плати данок на државата. Таа тврдеше дека не престојувала толку во Шпанија во тој период и првично одби да се спогоди со обвинителите.

    „Спогодбата ја направив во интерес на моите деца. Не сакав тие да ја гледаат нивната мајка како си го жртвува здравјето во оваа борба“, изјави Шакира, која сега живее во Мајами.

    Во јули, обвинителите објавија документ кој тврдеше дека таа купила куќа во Барселона во 2012, која станала нејзин семеен дом додека беше во врска со фудбалерот Жерард Пике. Адвокатите на Шакира кажаа дека до 2014 најголем дел од нејзините приходи доаѓал од меѓународните турнеи и таа долго време била надвор од Шпанија.

    Шакира ја прогласи Шпанија за свое место на живеење во 2015 и кажа дека платила 17,2 милиони евра даноци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира