ЊУЈОРШКИОТ СУД НАРЕДИ ДА СЕ ОБЈАВАТ ИМИЊАТА НА НАД 170 СОРАБОТНИЦИ НА ПЕДОФИЛОТ ЏЕФРИ ЕПСТАЈН

    ЊУЈОРШКИОТ СУД НАРЕДИ ДА СЕ ОБЈАВАТ ИМИЊАТА НА НАД 170 СОРАБОТНИЦИ НА ПЕДОФИЛОТ ЏЕФРИ ЕПСТАЈНЕпстајн чекаше федерално судење кога беше пронајден мртов во својата затворска ќелија во 2019 (Фото: Гети)

    Американска судијка нареди да се објават имињата на над 170 соработници на осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн, кој се самоуби во 2019. Меѓу нив би можел да биде и британскиот принц Ендрју, ако се објават докази од жена која тврди дека тој недолично ја допирал во 2001.

    Идентитетите ќе се откријат во рамките на судскиот процес што се водеше против главната соработничка на Епстајн, Гилејн Максвел, која исто така беше осуден за сексуална трговија. Секој што се наоѓа на листата има можност до 1 јануари да поднесе жалба и да побара отстранување на своето име.

    Епстајн чекаше федерално судење за педофилија и сексуална трговија кога беше пронајден мртов во својата затворска ќелија во мистериозни околности. Неговата смрт беше оценета како самоубиство.

    Њујоршката судијка Лорета Преска побара врските на Епстајн да бидат откриени во целост. Тоа е последниот поднесок од тужбата што Вирџија Гифре ја покрена против Гилејн Максвел, која лани беше осудена на 20 години затвор.

    Некои од имињата на листата ќе останат запечатени, како малолетните жртви на Епстајн.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира