ОПШТИНА АРАЧИНОВО ГОДИНАВА СОБРАЛА 100.000 ЕВРА ОД ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ

    ОПШТИНА АРАЧИНОВО ГОДИНАВА СОБРАЛА 100.000 ЕВРА ОД ЛОКАЛНИ ДАНОЦИГрадоначалникот на Општина Арачиново Ридван Ибраими на настан во Скопје, организиран од УСАИД. (Фото: Општина Арачиново)

    Општина Арачиново во 2023 година наплатила над 6 милиони денари по основ на локални даноци, кажа градоначалникот Ридван Ибраими на настан во Скопје, организиран од УСАИД.

    „Општина Арачиново од вкупно 2.675 регистрирани домаќинства успеала да инкасира над 6 милиони денари по основ на локални даноци, што во споредба со 2022 е 422% раст. Претставникот на УСАИД Бардил Марку во однос на соработката и резултатите за општина Арачиново цело време зборуваше во суперлатив, и ја нарече Арачиново ‘успешна приказна’“, соопшти Општина Арачиново.

    Општина Арачиново претходно воопшто не собираше данок на имот, немаше база на податоци на даночни обврзници, ниту даночно одделение.

    На денешната презентација, како што рече градоначалникот Ибраими, Арачиново не е веќе „црна овца“, туку денес добива пофалби и веќе се мери со многу по големи општини и финансиски појаки од нив.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира