ОБЈАВЕНИ СУДСКИТЕ ДОКУМЕНТИ ЗА ВРСКИТЕ НА ПЕДОФИЛОТ ЏЕФРИ ЕПСТАЈН, СЕ СПОМЕНУВААТ ПРИНЦОТ ЕНДРЈУ, КЛИНТОН И ТРАМП

    ОБЈАВЕНИ СУДСКИТЕ ДОКУМЕНТИ ЗА ВРСКИТЕ НА ПЕДОФИЛОТ ЏЕФРИ ЕПСТАЈН, СЕ СПОМЕНУВААТ ПРИНЦОТ ЕНДРЈУ, КЛИНТОН И ТРАМПДолгоочекуваните документи не откриваат ништо ново бомбастично за Епстајн (Фото: Гети)

    Британскиот принц Ендрју се наоѓа меѓу познатите имиња кои се споменуваат во новообјавените судски документи за врските на сексуалниот престапник и финансиер Џефри Епстајн. Минатиот месец, њујоршка судијка нареди документите да бидат објавени како дел од судскиот процес против соработничката на Епстајн, Гилејн Максвел, која лани беше осудена на 20 години затвор.

    Покрај Ендрју, се споменуваат и бившите американски претседатели Бил Клинтон и Доналд Трамп, иако тие не се обвинуваат за ништо незаконско. Долгоочекуваните документи, кои опфаќаат над 900 страници, не откриваат ништо ново бомбастично, но во наредните денови треба да се објават уште документи.

    Од над 100 именувани луѓе, некои се обвинети за кривична дела, а други прават обвинувања или се потенцијални сведоци. Судијката Лорета Преска претходно кажа дека многу од овие имиња веќе беа идентификувани во медиумите или на судскиот процес против Максвел.

    Во документите се спомнува Јохана Сјоберг, која го обвини принцот Ендрју дека ја фаќал за градите додека седеле на кауч во станот на Епстајн во Менхетн во 2001.

    Во документите е именуван и Бил Клинтон, иако нема назнаки дека сторил нешто незаконско. Сјоберг сведочела дека Епстајн еднаш ѝ рекол дека Клинтон сака помлади, мислејќи на девојки. Клинтон имаше афера со 22-годишната приправничка во Белата куќа, Моника Левински. Исто така, Максвел на судењето изјавила дека Клинтон патувал со приватниот авион на Епстајн.

    Тајната служба даде детали за секое од овие патувања“, беше соопштено во 2019.

    Сјоберг ги спомнува и Доналд Трамп, Мајкл Џексон и маѓионичарот Дејвид Коперфилд, но и тие не се поврзуваат со ништо незаконско.

    Епстајн чекаше федерално судење за педофилија и сексуална трговија кога беше пронајден мртов во својата затворска ќелија во мистериозни околности. Неговата смрт беше оквалификувана како самоубиство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира