СО РИТУАЛОТ „СУСУРИГА“ НА 16 МАРТ ПОЧНУВА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „КРИВА ПАЛАНКА – ГРАД НА КУЛТУРАТА“

    СО РИТУАЛОТ „СУСУРИГА“ НА 16 МАРТ ПОЧНУВА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „КРИВА ПАЛАНКА – ГРАД НА КУЛТУРАТА“Градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешната прес-конференција. (Фото: Министерството за култура)

    На 16 март почнува манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата“ за 2024, кажа денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Програмата започнува со манифестацијата на маски и ритуално палење оган „Сусурига 2024“, по што на 23 март е концертот „Македонско девојче“ на Каролина Гочева, а следниот ден е традиционалната етнолошка манифестација „Невестинско поклонение“.

    „Со 3 милиони денари ја поддржуваме Општина Крива Паланка, која ги става во функција сите свои инфраструктурни и човечки капацитети за реализација на манифестацијата Град на културата“, рече министерката.

    Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, на денешната прес-конференција во Музејот на македонската борба во Скопје, рече дeка Општината во соработка со Центарот за култура и со Градскиот музеј, креиралe програма преку која се негуваат традиционалните вредности, се промовира културно-историското богатство на Крива Паланка, се поддржуваат постојните и се иницираат нови манифестации.

    До крајот на годината во Крива Паланка ќе има концерти, театарски претстави, книжевни настани, фолклор, традиција, филмска уметност, програма за најмладите, гастрономски специјалитети од регионот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира