ЛЕКАР ЈА ПРИЗНА ВИНАТА ЗА СМРТТА НА АКТЕРОТ МЕТЈУ ПЕРИ, МУ ПОМАГАЛ ДА НАБАВИ КЕТАМИН

    ЛЕКАР ЈА ПРИЗНА ВИНАТА ЗА СМРТТА НА АКТЕРОТ МЕТЈУ ПЕРИ, МУ ПОМАГАЛ ДА НАБАВИ КЕТАМИНМарк Чавес е еден од петтемина обвинети во случајот (Фото: АП)

    Лекар обвинет за смртта на актерот Метју Пери се изјасни како виновен. Марк Чавес, еден од петтемина луѓе обвинети во случајот, ја призна вината во судот во Лос Анџелес за заговор за дистрибуција на анестетикот кетамин.

    Чавес му продал кетамински пастили на лекарот Салвадор Пласенсија, кој потоа му ги дал на Пери, кој беше пронајден мртов во џакузито во својот дом во октомври 2023. Една од причините за смртта беше предозирање со кетамин, кој се користи против депресија, вознемиреност и болка.

    Во спогодбата со судот, Чавес признал дека со лажен рецепт набавил кетамин од својата бивша клиника и од дистрибутер. Обвинителите кажаа дека асистентот на Пери, Кенет Ивамаса, соработувал со двајцата лекари за да му обезбеди на актерот кетамин во вредност од над 50.000 долари во неделите пред неговата смрт. Двајцата лекари размениле пораки во кои дискутирале колку да му наплатат на Пери за дрогата.

    Се прашувам колку е спремен да плати тој дебил?“, стоело во една од пораките.

    Поради признанието, Чавес ќе биде осуден за помало кривично дело, но сепак би можел да добие до десет години затвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира