ГОЛЕМА РЕТРОСПЕКТИВНА ИЗЛОЖБА НА УМЕТНИЦАТА АНЕТА СВЕТИЕВА ВО ДАУТ ПАШИН АМАМ

    ГОЛЕМА РЕТРОСПЕКТИВНА ИЗЛОЖБА НА УМЕТНИЦАТА АНЕТА СВЕТИЕВА ВО ДАУТ ПАШИН АМАМТеракота, од циклусот „Река 1“, 1986. (Фото: Национална галерија)

    Ретроспективна изложба на  уметницата Анета Светиева, една од најзначајните македонски современи уметници, ќе се отвори утре (21 мај) во 20 часот во Даут пашин амам, објект на Националната галерија на Македонија (НГМ). Проектот е куриран од Викторија Васева-Димеска, историчарка на уметност, во соработка со Ана Франговска, куратор-советник, Маја Неделкоска-Брзанова, куратор-советник и Маја Чанкуловска-Михајловска, виш куратор.

    Светиева е родена во Битола 1944. Академија за ликовни уметности (1968) и постдипломски студии (1971) година, завршила во Белград.

    „Сложеното, комплексно, иновативно и креативното творештво на Анета Светиева, го поставува нејзиното дело на самиот врв не само на македонската ликовна сцена, туку и на една поширока платформа која ги преминува границите на регионот“, велат од Националната галерија. (Фото: НГМ)

    Во периодот 1965-1971, за иновативноста и специфичниот ликовен израз, добила три престижни студентски награди, а потоа и награда на Друштвото на ликовни уметници на Србија. Во 1974 година се враќа во Македонија. Од 1977 работи во Институтот за фолклор, 1988 докторира на Филозофскиот факултет во Белград на одделот за етнологија. Во 1990  се вработува во Заводот за етнологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде што, во 1995 станува редовен професор.

    „Нејзините учества на значајните меѓународни ликовни манифестации, секогаш се проследени со посебно внимание од критиката, како што е случај и со презентацијата на Биеналето за ликовни уметности во Венеција 1997 година, каде што е забележана како автор со специфичен, поинаков пристап во обликувањето на автентично и автохтоно дело надвор од трендовските обележја. Сложеното, комплексно, иновативно и креативното творештво на Анета Светиева, го поставува нејзиното дело на самиот врв не само на македонската ликовна сцена, туку и на една поширока платформа која ги преминува границите на регионот“, велат од Националната галерија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира