Утрово околу 4 часот, четири маскирани лица фрлале со молотови коктели врз Музејот на албанската азбука во Битола. Директорот Нуер Арслани потврди дека лицата сакале да го запалат објектот, но не успеале.
„Музејот беше нападнат со молотови коктели од четири маскирани лица. Се обидоа да го запалат, но за среќа не успеаја. Ги искршија само стаклата“, ни рече директорот.
Напаѓачите се снимени од камера поставена на објектот. Снимката е дадена на битолската полиција.
Пред неколку месеци, непознати лица ги искршија стаклата од Музејот и залепија налепници како на двоглав орел со сабја му се сече главата. Досега не се откриени сторителите. (Ж.З.)