ДВЕ И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ЛЕКАР КОЈ ГО СНАБДУВАЛ АКТЕРОТ МЕТЈУ ПЕРИ СО КЕТАМИН ПРЕД ДА ПОЧИНЕ

    ДВЕ И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ЛЕКАР КОЈ ГО СНАБДУВАЛ АКТЕРОТ МЕТЈУ ПЕРИ СО КЕТАМИН ПРЕД ДА ПОЧИНЕПери беше пронајден мртов во џакузито во својот дом во Лос Анџелес на 28 октомври 2023 (Фото: АП)

    Лекар од Калифорнија е осуден на две и пол години затвор за нелегално снабдување на актерот Метју Пери со кетамин, непосредно пред неговата смрт во 2023. Салвадор Пласенсија, кој водел клиника за грижа кај Лос Анџелес, се изјасни како виновен во федерален суд во јули по четири обвиненија за илегална дистрибуција на овој анестетик. Тој се соочуваше со затворска казна до 40 години.

    Пери, кој се прослави како Чендлер Бинг во серијата „Пријатели“, беше пронајден мртов во џакузито во својот дом во Лос Анџелес на 28 октомври 2023. Обдукцијата покажала дека 54-годишниот актер починал од „акутни ефекти на кетамин“ во комбинација со други фактори.

    Пласенсија признал дека во неделите пред трагичниот настан во повеќе наврати му вбризгал кетамин на Пери. Според официјални документи, Пери примал инфузии со кетамин за лекување од депресија и анксиозпност во клиника, каде што станал зависен од дрогата.

    Кога лекарите одбиле да му ја зголемат дозата, Пери почнал да добива кетамин по нелегални канали, при што добавувачите ја користеле неговата зависност за да заработат лесни пари“, кажаа властите.

    Покрај Пласенсија, за смртта на Пери ќе им се суди на уште четири лица, кои исто така ја признале вината.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира