Годинава нема да се доделат државните награди за новинарство и публицистика „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ и за човекови права „Мето Јовановски“, ни потврди Министерството за култура.
„Мандатот на претходните состави на одборите за доделување на државните награди истече во ноември, а со тоа, во согласност со законските процедури, се создаде потреба од формирање нови одбори. Потенцираме дека врз основа на член 12 став 3 од Законот за државните награди, претседателите и членовите на одборите ги именува Собранието на Република Северна Македонија од редот на истакнати лица од областите за кои се доделуваат наградите. Од тие причини, од страна на Министерството за култура и туризам до Собранието навремено е доставено барање за именување претседатели и членови на новите одбори за доделување на горенаведените државни награди“, ве Министерството.
Конкурсите за обете награди ги распишаа претходните одбори и тие беа распишани на 1 октовмри со рок за пријавување до 31 октомври.
„Јасмин“ во 2024 ја добија новинарите Атанас Костовски и Љупчо Јолевски, како и публицистите Иван Антоновски и Делвина Крлуку, а „Мето Јовановски“ добија Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации (ЦГК) од Скопје и активистката и трансродова жена Лила Милиќ.



