АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ИЗРАЕЛ МУ ПРЕПОРАЧА НА ПЕРСОНАЛОТ ДА ЗАМИНЕ ОД ИЗРАЕЛ ПОРАДИ МОЖЕН НАПАД ВРЗ ИРАН

    АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ИЗРАЕЛ МУ ПРЕПОРАЧА НА ПЕРСОНАЛОТ ДА ЗАМИНЕ ОД ИЗРАЕЛ ПОРАДИ МОЖЕН НАПАД ВРЗ ИРАНАмбасадорот Мајк Хакаби кажа дека во следните денови можеби нема да има појдовни летови од Израел (Фото: АП)

    Американската амбасада во Израел му кажа на својот персонал дека може да ја напушти земјата и ги повика сите други кои размислуваат да заминат да го направат тоа што е можно побрзо, додека се зголемува можноста за американски напад врз Иран.

    Амбасадорот Мајк Хакаби им рекол на вработените во амбасадата дека по разговорите со официјални лица во Вашингтон била донесена одлука со која се одобрува заминување на оние кои сакаат да заминат.

    „Оние кои сакаат да заминат треба да го сторат тоа уште денеска. Иако може да има појдовни летови во наредните денови, можеби и нема да има“, се вели во мејлот на Хакаби до персоналот на амбасадата, додавајќи дека нема место за паника.

    Ова следува по третата рунда индиректни разговори помеѓу САД и Иран за иранската нуклеарна програма, по кои двете страни и натаму остануваат далеку од договор. Неколку авиокомпании, како холандската „КЛМ“, веќе најавија дека ќе ги суспендираат летовите кон аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, а и други амбасади во Израел рекоа дека планираат да дозволат заминувања на својот персонал.

    Доналд Трамп минатата недела кажа дека во следните десет дена ќе се види дали ќе се постигне договор со Иран или ќе има воена акција. Тој веќе испрати голема воена сила на Блиски Исток, а на пат кон регионот е и носачот на авиони „Џералд Форд“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира