СО ДИСКУСИЈА ЗА НАЧИНОТ НА ИСХРАНА ПРОМОВИРАНА КНИГАТА ЗДРАВИ И ВИТИ НА САЕМОТ НА КНИГАТА

    СО ДИСКУСИЈА ЗА НАЧИНОТ НА ИСХРАНА ПРОМОВИРАНА КНИГАТА ЗДРАВИ И ВИТИ НА САЕМОТ НА КНИГАТА

    Нутриционистот Тања Турунџиева ја промовираше книгата на Здрави и вити од Харви и Мерлин Дајмонд, двојката која го промени размислувањето на луѓето во однос на храната и го поттикнаа да научи да внимава и да се храни здраво за да води здрав и попродуктивен живот исполнет со енергија, на Саемот на книгата во Скопје.

    На вчерашната промоција на штандот на Арс Студио во хала 1, присутните имаа можност да слушнат што значи здравата исхрана и да научат дека некогаш храната може да биде и ваш непријател, ги открија тајните за здрав и енергичен живот, како и многу рецепти за подобрување на здравјето и менување на начинот на кој се храните.

    Книгата Здрави и вити може да се најде на штандот на АРС Студио по промотивна цена.
    Денеска, со почеток во 15 часот е промоцијата на книгата на еден од нашите раскажувачи, есеисти, романсиери Митко Маџунков, со наслов Приказни за ѓаволот, каде што со секоја купена книга на денот на промоцијата, следува потпишан примерок од авторот.

    Утре ќе се одржат два настана: промоција на книгата Повторно величествена од Доналд Џ. Трамп, издание за кое се појави огромен интерес на глобално ниво, која ќе се одржи во 14 часот во промотивниот центар во хала 2, и во 17 часот ќе се одржи панел-дискусија на тема „Стресот и справување со стресот во современиот живот“.
    За времетраење на целиот саем, Арс Студио им овозможува на посетителите интерактивна промоција на новите наслови и учество во активни панел-дискусии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира