Актерот Ѓорѓи Јолевски, историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ-Адамс ја добија државната награда „23 Октомври“ за 2026 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес Македонија, оопшти Министерството за култура.
Јолевски ја доби наградата за остварување во областа на културата и уметноста. Стојков и Лилчиќ-Адамс се наградени за остварување во областа на науката.
Наградата ќе им биде врачена на 23 октомври во 11 часот, во Собранието.



