МАТИЧНИТЕ ГИНЕКОЛОЗИ БАРААТ ОД ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО РАЗЛИЧНО ДА ИМ ПЛАЌА СПОРЕД ВОЗРАСТА НА ПАЦИЕНТКИТЕ

    МАТИЧНИТЕ ГИНЕКОЛОЗИ БАРААТ ОД ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО РАЗЛИЧНО ДА ИМ ПЛАЌА СПОРЕД ВОЗРАСТА НА ПАЦИЕНТКИТЕМатичните гинеколози бараат згоемување на капитацијата и дефинирање на услугите што ФЗОМ им ги плаќа, а од Фондот велат дека наскоро ќе ги викнат на средба. - Директорите не ФЗОМ Ден Дончев и Орхан Рамадани (Фото: СДК.МК)

    Матични гинеколози бараат зголемување на капитацијата од 50 на 60 денари, разграничување на пациентките по возраст и Фондот за здравство да се изјасни кои услуги ќе ги добиваат пациентките во рамки на парите што им ги префрла.

    Д-р Душко Филиповски, претседател на Здружението на матични гинеколози, вели дека за разлика од другите лекари од примарното здравство, на кои капитацијата им беше покачена како резултат на барањата во предизборниот период, матичните гинеколози остана без покажување. Тој објаснува дека за репродуктивното здравје кај жените во земјава се грижат 140 тима од матични гинеколози и дека секоја година нивниот број се повеќе се намалува, бидејќи младите лекари или заминуваат во странство или одат да работат во болниците.

    „Веќе е неиздржливо. Сè поголем е бројот на пациентките, сè поголема е работата, а капитацијата со години е 50 денари. Бараме таа да се зголеми на 60 денари. Фондот да направи разграничување на пациентките по возраст и воведување коефициенти за плаќање на капитацијата по возраст на пациентките, како што е кај другите матични лекари. Не е исто да се грижиш за здравјето на пациентка која има 16 или 25 години, како и пациентка над 65 години. Сега капитацијата што ја земаме е иста, без оглед дали пациентката има 15 или 65 години. Ова кај матичните општи лекари е разграничено и според возраста капитацијата е повисока или пониска. Сега ние се грижиме за четири бремени жени, за истите пари за кои матичниот општ лекар се грижи за една пациентка над 65 години“, вели д-р Филиповски.
    Здружението бара итна средба со надлежните во ФЗОМ за да се решат овие нивни барања.

    Од ФЗОМ велат дека матичните лекари се важна алка во здравствениот систем и дека наскоро ќе имаат работна средба.

    „Матичните гинеколози се најскапо платените специјалисти во Македонија, со просечна месечна исплата од 169 илјади денари по тим. Колку за споредба, тоа е повеќе од 55.500 денари отколку што Фондот исплаќа на општ матичен лекар“, велат од ФЗОМ.
    Матичните гинеколози пак на оваа изјава од Фондот одговараат дека се најслабо платените гинеколози во регионот, односно дека се послабо платени и од колегите во Албанија, Србија, Бугарија.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира