ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА ОД ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ НЕМААТ АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА, СПОРЕД ИСТРАЖУВАЊЕТО НА ЦЕНТАРОТ ЗА ГРАЃАНСКИ КОМУНИКАЦИИ

    ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА ОД ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ НЕМААТ АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА, СПОРЕД ИСТРАЖУВАЊЕТО НА ЦЕНТАРОТ ЗА ГРАЃАНСКИ КОМУНИКАЦИИВо возниот парк на јавните здравствени установи има такви произведени минатиот век, а најголем дел од нив се набавени со донации. (Фото: СДК.МК)

    Повеќе од половина од здравствени установи во земјата немаат амбулантни и санитетски возила, покажа истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Според базата на податоци од Центарот за граѓански комуникации во земјава има 183 амбулантни возила, а од деведесет здравствени установи, 47 кажале дека имаат вакви возила.

    Најмногу амбулантни и санитетски возила имаат јавните здравствени установи во Скопје 30 и во Охрид и Битола по 12. Потоа здравствените установи во Велес и Куманово, каде што има по 8 амбулантни возила. Двете најстари возила се од 1988 година, а најупотребуваното има поминато дури 1 милион и 360.000 километри“, велат од Центарот за граѓански комуникации“, стои во анализата на Центарот за граѓански комуникации.

    Од Центарот за граѓански комуникации велат дека според истражувањето просечна старост на амбулантните возила е единаесет години, а тринаесет отсто од нив се произведени минатиот век

    „Најстарите се две возила произведени во 1988 година, што се користат во Струга и во Отешево. Едно возило, на Здравствениот дом од Кичево, има поминато дури 1 милион и 360.000 километри

    Според анализите на оваа невладина организација најзастапена марка на автомобили е Рено од која има 66 возила, по што следуваат Ситроен и Фиат со по 22 возила.

    Центарот за граѓански комуникации добил податоци за вредноста на 139 возила од вкупниот број и според овие податоци просечната вредност на едно возило е 38.900 евра.

    „Двете најскапи возила од 153.460 евра и 137.260 евра ги поседува Клиниката за детски болести од Скопје, додека третото од 103.360 евра е на Клиничката болница Битола“, велат од Центарот за граѓански комуникации.

    Според овие податоци повеќе од вкупниот број возила повеќе од половината јавните здравствени установи ги добиле како донација или од Министерството за здравство, или од домашни институции и лица, или странски донации.

    „Од вкупниот број амбулантни и санитетски возила кои ги поседуваат здравствените установи 53 отсто се донации, односно 30 отсто се донации од Министерството за здравство, дванаесет отсто се домашна донација од други институции и лица, единаесет отсто се странски донации. За останатите јавните здравствени установи ги купиле од свои средства или нема податок како ги стекнале“, вели Центарот за граѓански комуникации.

    Во анализата на Центарот за граѓански комуникации вклучени се и новите дванаесет амбулантни возила кои Министерството за здравство ги набави годинава, од кои шест доби Здравствен дом Скопје, а останатите ги добија здравствените домови во Струга, Дебар, Кичево, Крушево, Крива Паланка и Берово. За оваа набавка Министерството за здравство испланира околу половина милион евра, но на аукцијата беше постигната пониска цена и министерот за здравство Венко Филипче рече дека заштедиле околу двеста илјади евра. При предавањето на новите возила во Здравствен дом Скопје, тој рече дека прават анализи и за кусо време ќе излезат со податоци дали и каде се потребни нови амбулантни возила и согласно тоа ќе прават набавки.

    Од Центарот за граѓански комуникации велат дека истражувањето е направено според податоците што ги добиле од здравствени домови, клиники и клинички болници, општи и специјални болници, заводи, институти, здравствени станици и центри за јавно здравје, врз основа на доставено барање за информации од јавен карактер во јануари годинава и дека за точноста на податоците одговараат овие институции.

    „Општините и министерствата според нашата дата база од октомври лани имаат на располагање 2.645 патнички возила, што значи дека на секое 15-то патничко возило доаѓа по едно амбулантно возило“, велат од Центарот за граѓански комуникации.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира