МЛАДА ЦРНОМУРЕСТА АКТЕРКА НАЈАВЕНА КАКО НОВ АГЕНТ 007 ВО НОВИОТ ФИЛМ ЗА ЏЕЈМС БОНД

    МЛАДА ЦРНОМУРЕСТА АКТЕРКА НАЈАВЕНА КАКО НОВ АГЕНТ 007 ВО НОВИОТ ФИЛМ ЗА ЏЕЈМС БОНДЛашана Линч (десно) со Даниел Крег и Наоми Харис пред почетокот на снимањето на „Бонд 25“ (Фото: Ројтерс)

    Даниел Крег за последен пат ќе се појави во улогата на Џејмс Бонд во филмот што моментално се снима, а потоа тајниот агент 007 ќе биде жена и тоа црномуреста.

    Британските медиуми објавија дека ова го најавува сцена од новиот филм, во кој 31-годишната актерка од „Капетанка Марвел’, Лашана Линч, е претставена како нов таен агент 007.

    Извор од снимањето откри дека 25. филм за Џејмс Бонд почнува со сцена во којашто Даниел Крег, додека одмора на Јамајка, добива повик да се врати во акција.

    „Има една клучна сцена на почетокот на филмот во којашто М вели: ‘Влези 007‘ и потоа влегува Лашана, која е црна, убава и жена. Бонд сѐ уште е Бонд, само што е заменет како 007“, вели извор за весникот „Мејл“.

    По потекло од Лондон, Линч дебитираше на филм во 2011 година, но пробив на холивудската А-листа имаше лани, со улогата на пилотката Марија Рамбо во „Капетанка Марвел“. Според сајтот ИМДБ, Линч во „Бонд 25“ игра лик со име Номи.

    Оваа вест доаѓа како големо изненадување, имајќи предвид дека продуцентката Барбара Броколи минатата година изјави дека „никогаш нема да има женски Џејмс Бонд“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира