Привремениот градоначалник на Штип Јане Миланов и новоизбраниот градоначалник Сашко Николов ги врачија орденот „Св. Никола“ и плакетите „19 Декември“ на четворица штипјани кои дале посебен придонес во развојот и афирмацијата на градот.
Михаил Данев, кој го водеше градот во два мандата од 1974 до 1982, е годинашниот носител на орденот „Св. Никола“. Од 1986 до 1989, тој беше секретар на Претседателството на ЦК на СКМ, а денес живее во Скопје.
Во време на неговите два мандата како претседател во Штип се изградија повеќе станбени згради за работниците, Здравствениот дом, Домот на културата, Народната библиотека и Општинската зграда, која функционира и денес.
Во чест на патрониот ден на градот Св. Никола, плакетите „19 декември“ ги добија големата хуманистка и долгогодишна крводарителка Катица Жежова, Кирил Барбареев за развојот на образованието и спортскиот педагог Мирко Наџаков за над 50-годишно афирмирање на фудбалот во Штип.
Т. ЈОВАНОВСКИ