ЕЛИЗАБЕТА ИВАНОВСКА ЌЕ БИДЕ В.Д. ДИРЕКТОРКА НА БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА, ОТКАКО ОБЕДНИКОВСКИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД МОРАЛНИ ПРИЧИНИ

    ЕЛИЗАБЕТА ИВАНОВСКА ЌЕ БИДЕ В.Д. ДИРЕКТОРКА НА БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА, ОТКАКО ОБЕДНИКОВСКИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД МОРАЛНИ ПРИЧИНИДосегашниот директор Александар Обедниковски си поднесе оставка од морални причини - Битолската болница (Фото: СДК.МК)

    Д-р Елизабета Ивановска, специјалист-интернист и субспецијалист-пулмоалерголог ќе биде новата в.д. директорка на Клиничката болница во Битола. Таа доаѓа на местото на досегашниот директор Александар Обедниковски кој си поднесе оставка од морални причини по двата смртни случаи на деца што за нецел месец се случија во установата, односно смртта на 5 годишната Јана Христовска и на новороденчето кое почина во неделата.

    Во болницата во вторникот увид вршеа инспектори од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ), а формирана е и Комисија за стручен надзор со цел да се утврдат причините за смртта на бебето кое почина по раѓањето на Одделението за гинекологија.

    Ивановска е началник на Интерното одделение од 2017 година.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира