ХРВАТСКИ „АГРОФРУКТУС“ ГИ ОТПУШТИ ВРАБОТЕНИТЕ ВО СТРУМИЦА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ХРВАТСКИ „АГРОФРУКТУС“ ГИ ОТПУШТИ ВРАБОТЕНИТЕ ВО СТРУМИЦА

    Најголемиот дел од вработените во „Агрофруктус“ од Струмица пред Нова година добиле отказни решенија. Нивните договори за работа не се обновени.

    Според нив, и процесот на откуп, пакување и дистрибуција на зеленчук и овошје е стопиран. Тие во декември користеле годишни одмори, а пред Нова година речиси сите добиле прекин на договорите за работа во овој центар кој го отвори хрватскиот гигант „Агрокор“. Сите што добиле откази добиле и ветувања дека напролет повторно ќе биле ангажирани

    Од седиштето на „Агрофруктус“ во Хрватска потврдија дека има отпуштања на работници во центарот во Струмица заради сезонскиот карактер на работата. Во одговорот за САКАМДАКАЖАМ.МК не прецизираа колку работници се отпуштени и кога повторно ќе бидат ангажирани.

    „Нашата работа е поврзана со производство кое има сезонски карактер, па и такви се вработувањата. Во моментов не е сезона за свежо овошје и зеленчук. Од таа причина значително е намалена потребата од работна сила односно на работниците не им ги продолживме договорите. На почетокот од сезоната работниците сукцесивно ќе се враќаат“, информираат од хрватски „Агрофруктус“, од каде на прашањето дали се задоволни од работата на центарот во Струмица кусо одговорија:

    „Резултатите од работата се подобори, но не се во рамките на нашите очекувања. Оптимисти сме дека ќе има развој во македонското земјоделство, што ќе ни донесат и подобри резултати“.

    На официјалната веб страна на „Агрофруктус“ стои дека во Струмица има 60 постојано вработени, додека за време на производството и откупот се вработуваат дополнителни 30 работници и соработуваат со околу 730 кооперанти

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира