Непознат, сторител или сторители, оштетиле три автомобили кои биле паркирани пред дирекцијата на Националниот парк (НП) „Шар Планина“. На трите автомобили, им биле избушени гумите.
Од Националниот парк велат дека се избушени гумите на едно службено возило, едно возило на гостин и приватното возило на еден од вработените.
„Со какви активности, покрај нашата неуморна работа, можевме да провоцираме еден таков вандалски чин од страна на злонамерници? Компетентните органи се информирани и се занимаваат со решување на случајот. Се надеваме дека такви случаи повеќе нема да се повторуваат“, се вели во соопштението од НП „Шар Планина“ и се додава дека овој инцидент не ги заплашува вработените туку, „тоа дополнително ги мотивира и понатаму да упорно да работат во заштитата на природата, развојот на регионот и борбата против непријателите на природата“.
З. АНДОНОВ