НАД 400 УЧЕНИЦИ ОД ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ДВА ДЕНА ВО СКОПЈЕ БЕА НА ЕДУКАТИВЕН СОБИР ПО РОБОТИКА

    НАД 400 УЧЕНИЦИ ОД ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ДВА ДЕНА ВО СКОПЈЕ БЕА НА ЕДУКАТИВЕН СОБИР ПО РОБОТИКАНад 400 ученици од цела Македонија на собирот по роботика кој се одржа викендов во Скопје . (Фото: СДК.МК)

    Викендов во Скопје се одржа осмиот едукативен собир по роботика First Lego League 2025-2026, на кој учествуваа над 400 ученици од основните и средните училишта од цела Македонија. Настанот беше организиран од Академијата за роботика и иновации и се одвиваше под покровителство на УНЕСКО.

    Вкупно 35 тима, составени од ученици на возраст од 9 до 16 години од државни и приватни училишта, работеа на предизвикот за користење на технологијата во археологијата. Тие креираа иновативни роботски решенија кои треба да им помогнат на археолозите во полесно истражување на наоѓалиштата.

    Настанот беше поддржан од Министерството за образование и наука, а министерката Весна Јаневска при посетата кажа дека на државата ѝ се потребни вакви кадри кои ќе ги применуваат стекнатите знаења за одговор на општествените предизвици. Таа смета дека младите треба постојано да се мотивираат за занимавање со наука и истражувачка дејност.

    Сите учесници на собирот добија сертификати, а главниот пехар за апсолутен победник му припадна на роботика тимот од Општина Гази Баба од Скопје.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира