Од граѓанското здружение „Охрид СОС“ соопштија дека минатата сабота во реонот на селото Љубаништа била застрелана мечка со муниција за успивање, но таа потоа воопшто не се разбудила. Мечката била заглавена во стапица поради што била повикана ветеринарна екипа од Скопје да го ослободи животното. При обидот за ослободување на мечката, употребена била преголема доза за успивање и таа угинала.
„На локалното население не му било дозволено да се приближи до местото, кое го обезбедувале и припадници на Министерство за внатрешни работи. Употребена била муниција за зашеметување и успивање, но, според нашите извори, дозите биле преголеми, така што мечката воопшто не се разбудила”, велат од „Охрид СОС“.