НЕПОЗНАТА ТЕЧНОСТ ИСТУРЕНА ВО РЕЗЕРВОАРОТ ЗА ВОДА ВО ПРИЛЕПСКОТО СЕЛО СТРОВИЈА

    НЕПОЗНАТА ТЕЧНОСТ ИСТУРЕНА ВО РЕЗЕРВОАРОТ ЗА ВОДА ВО ПРИЛЕПСКОТО СЕЛО СТРОВИЈАОд страна на овластени лица од Центарот за јавно здравје од Прилеп зеле примероци од водата. - Анализа на вода за пиење во Центар за јавно здравје (архивска фотографија)

     

    Непознато лице во периодот од 7 до 9 јули истурил непозната течност во резервоарот за вода на јавната чешма во село Стровија, општина Долнени, соопштија од СВР Битола.

    Лицето делумно ја отстранило бетонската покривка од резервоарот, ја истурило течноста и си заминало.

    Од страна на овластени лица од Центарот за јавно здравје од Прилеп зеле примероци од водата за утврдување на видот и степенот на евентуална загаденост на водата.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира