НОВИТЕ ДОГОВОРИ ЗА ПАРНО ПОСТАВЕНИ НА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦАТА НА ЕСМ, ТРЕБА ДА СЕ ОДНЕСАТ ВО ПУНКТОВИТЕ

    НОВИТЕ ДОГОВОРИ ЗА ПАРНО ПОСТАВЕНИ НА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦАТА НА ЕСМ, ТРЕБА ДА СЕ ОДНЕСАТ ВО ПУНКТОВИТЕСпоред ЕСМ, дневен прекин во греењето се прави во период кога надворешната температура при сончево и ведро време ќе достигне 11 степени. (Фото: К. Попов)

    Новите договори за парно греење за скопјани се поставени на страната на  ЕСМ Снабдување на следниот линк , соопшти фирмата. Потребно е потрошувачите да го испечатат во два примерока, да ги пополнат и двата примерока да ги предадат во еден од наплатните пунктови, со приложување на увид документ за лична идентификација и една фактура (или копија) од претходниот снабдувач.

    Договорот треба да го поднесе лично потрошувачот на чие име се води сопственоста на станбениот простор во објектот. Ако сопственикот на имотот не е во можност лично да дојде во наплатниот пункт, може да ополномошти друго лице, кое во негово ќе го потпише потребниот договор. ЕСМ претходно соопшти дека постоечките договори ко икорисниците ги имаат со „Балкан енерџи груп“ (БЕГ) не можат да се преземат туку мора да се склучат нови.

    Според помошник-директорката за топлинска енергија во ЕСМ Александра Маројевиќ, заклучно со вчерашниот ден се потпишани вкупно 3.800 договори.

    Таа истакна дека при потпишување на договорот, потребно е да се наведе имотниот лист на објектот или дел од објектот за кој се склучува договорот. Ако потрошувачот нема имотен лист, нивниот службеник на шалтерот ќе пристапи до катастарот и во негово присуство ќе го запише бројот на имотен лист на недвижноста, на која се потпишува договорот за испорака на топлинска енергија.

    „За наредниот период подготвуваме и други начини, во смисла да двата примерока од договорот потрошувачите го добијат по пошта, особено за оние кои немаат можност да го испечатат, а за оние кои нема да можат да ги искористат овие понудени можности заради различни здравствени причини, да ги посетиме во нивните домови. И други опции се во план, но како ги реализираме така ќе ги известиме нашите потрошувачи“, рече таа.

    Во Скопје постојат три пункта, со работно време од понеделник до петок од 8 до 18 часот и сабота од 9 до 13:30 часот и тоа на улиците Кочо Рацин бр. 33 кај Олимписки базен, Јане Сандански бр. 49 во Аеродром и на Лондонска бр. 8 во Тафталиџе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира